Постои можност за јавно објавување списоци на лица кои треба да бидат во самоизолација

- Македонија
556

Министерството за здравство во соработка со правници ја разгледува можноста јавно да објавуваат списоци на лица кои треба да бидат во самоизолација.  Министерот Филипче истакна дека ваква можност постои поради тоа што голем бројот граѓани одбивале да ги примат решенијата за самоизолација.

„ Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата и од различни причини стојат зад тоа. Има луѓе кои даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите па инспекторите не можат да ги најдат овие лица што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лица кои треба да бидат во самоизолација според Законот за управна постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата кои не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Strugaonline

Facebook Коментари