Мал пораст на температурите викендов – нов пад  од понеделник

- Македонија
71

За време на овој викенд ќе имаме претежно стабилно и суво време со мал пораст на температурите на воздухот, особено на максималните дневни кои ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 денес и од 16 до 23 утре. Исто така денес локално ќе има позначителна облачност а ќе има услови и за сосема слаб локален дожд. Ќе започне да дува умерен ветер претежно од западен правец кој особено на запад и во Пелагонија ќе засилува на интензитет и истиот утре ќе го промени правецот во северен и поизразен ќе биде Долж Повардарието и на север од државава. Студено ќе биде наутро овој викенд со минимални температури од 3 до 11 степени. На самиот почеток од следната недела под влијание на нов влажен бран ќе има нови повремени локални врнежи од дожд но овој пат на високите планини ќе има услови и за провејување на снег. Максималните дневни температури на воздухот во понеделник и во вторник повторно ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во итервалот од 8 до 16 степени. Слична временска состојба овие денови ја очекува и Струга и околината.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари