МНР организираше репатријација на 69 македонски граѓани – 42-ца од Словенија и 27-ца од Турција

- Македонија
524

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово (четврток, 26 март 2020 г.) организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.

Strugaonline

Facebook Коментари