ЈП Комунално: Градскиот пазар во Струга за викенд ќе работи до 15:00 часот

- Локални
1025

Согласно препораките на кризниот штаб на Општина Струга за спречување на ширење на коронавирусот (КОВИД-19) , ЈП Комунално-Струга  информира дека пазарот на големо за користени работи што се наоѓа наспроти ракометното игралиште кај Женска плажа, ќе биде затворен на неодредено време.
Oд јавното претпријатие исто така информираат дека  Градскиот Пазар во Струга (Зелениот Пазар) во пазарен ден сабота и во недела поради воведениот полициски час од 16:00 до 05:00 часот, ќе работи со скратено работно време односно до 15 :00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари