МОН: 7 ученици и 5 наставници имале настава со физичко присуство од активните случаи со Ковид-19, училиштата постапуваат навремено во сите случаи

- Македонија
890

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со денеска до 12 часот има вкупно 42 активни случаи на Ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар. Во однос на основните училишта од активните случаи 7 од учениците и 5 од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата.

МОН  известува дека во сите случаи почитувани се препораките од Центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите. Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради Ковид-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што се обележува континуитет во образовниот процес.

-Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита.-велат од МОН

Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. Околу 87% од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. -додаваат од МОН

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари