На 18-ти мај почнува Евровизија, Васил Гарванлиев ќе ги брани боите на Македонија со „Here I Stand“

- Македонија
627

Од 18-ти  до 22-ри мај во Ротердам, Холандија ќе се одржи 65-то издание на Евровизија.

Нашиот претставник, Васил Гарванлиев ќе настапи во првата полуфинална вечер на 18-ти мај под реден број 6 , со поснета „Here I Stand“.

Во првата полуфинална вечер ќе настапат и Австралија, Ирска, Литванија, Русија, Словенија, Шведска, Азербејџан, Белгија, Хрватска, Кипар, Израел, Малта, Норвешка, Романија и Украина. На оваа полуфинална вечер требаше да настапи и Белорусија, но поради политички обоените стихови беше дисквалификувана кон крајот на март.

Овоодишното издание се одржува  со строго ограничен број на публика од само 3.500 дистанцирани седишта во огромниот комплекс „Ахој“, исклучиво со  негативен ковид-тест, како дел од експериментот на Филдлаб кој следи дали и како се шири вирусот на настани со побројна публика.

Strugaonline

Facebook Коментари