На денешен ден во 1981 година роден е Тоше Проески

- Македонија
611

На денешен ден во 1981 година роден е Тоше Проески, најголемата македонска и балканска музичка sвезда. Кариерата ја започна во 1997 година.

Во десетгодишната успешна кариера ги издаде албумите: ,,Некаде во ноќта“, ,,Синот Божји“, „Ако ме погледнеш вo очи“ , ,,Ден за нас“ , ,,По тебе“, ,,Божилак“, ,,Игри без граници“

Во 2004 година беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“.

Освен по многуте награди на фестивали во Македонија, Србија и Русија, како и настапот на Евровизија во 2004-та година , Тоше ќе остане запаметен по големите хумани дела.

Тоше Проески загина на 16-ти октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Неговите дела и песни ќе живеат вечно.

Strugaonline

Facebook Коментари