Време-Преку ден сончево и релативно топло, кон крајот на денот дожд и снег

- Македонија
341

Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени. Утре ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари