Македонија го заврши настапот на ЕП 2021 со пораз од селекцијата на Белорусија

- Спорт
340

Репрезентацијата на Македонијасо пораз го заврши настапот на Европското првенство во Египет, Белорусија славеше со 26:30.

Нашите ракометари уште на стартот покажаа дека ќе играат квалитетен натпревар, многу подобар од сите претходни на овој Мундијал.

После 3:2 за Белорусија, Македонија имаше серија од три гола за 5:3 , потоа Македонија имаше постојана предност и го одредуваше ритамот на натпреварот, а Белорусија успеваше да израмни.
Првиот дел заврши нерешено (14:14)
Во вториот дел од натпреварот следуваа две израмнувања, а потоа селекцијата на Белорусија успеа да направи пресврт и дојде до плус 4  (24:20) и после таа предност успеа целосно да ја задржи контролата до самиот крај на натпреварот и на крај славеше со 26:30.

Facebook Коментари