Направена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, кај 22 годишен пациент зачука ново, донирано срце!

- Македонија
407
-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.-информираше министерот Филипче.
Тој упати честитки до сите  колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше.
-Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.-додаде министерот.
Докторите и се поклонија  на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи, за што сведочи и оваа фотографија:
-Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост.-напиша Филипче.
Strugaonline

Facebook Коментари