Обид за кражба во манастирот „Св. Климент“ Горна Белица

- Локални
480

На 15-ти април 2021 година, во полициското одделение Велешта, пријавена е тешка кражба во обид, во манастирот „Св. Климент“ во струшкото село Горна Белица.

– Од увидот извршен на 16-ти април 2021 година, констатирано е дека засега непознат сторител, во периодот од август минатата до април оваа година, со употреба на подесен алат и физичка сила, ја извадил металната решетка и прозорецот од јужната страна, влегол во внатрешноста, но не одзел ништо. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: ФБ група Убавините на Струга и Охрид

Facebook Коментари