Николовски: Инспекторите добиваат нови поголеми надлежности, нема  толеранција за прекршителите на здравствените протоколи

- Македонија
404

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со членовите на Инпекцискиот совет, одржа прес-конференција за измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, којшто го усвои Собранието. Со една  од клучните измени на овој закон , инспекторати сега добиваат нови, поголеми овластувања  за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

 ,,Доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.  Апелирам ова да се сфати крајно сериозно, нема простор за компромис кога е во прашање јавното здравје!“-изјави Николовски.

Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице.

,,Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна. Ако воопшто постоеше некој кој се двоумеше и имаше недоверба во однос на тоа дали овие промени се потребни пред речиси еден месец, кога за прв пат ги претставивме пред јавноста, верувам дека сега со изгласувањето на законските измени и дополнувања, мислењето е променето.“ -изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

Strugaonline

Facebook Коментари