Пендаровски: Главнината на здравствените мерки е иста во цел свет, разликата е во нивото на нивното почитување

- Македонија
506

Претседателот  Стево Пендаровски на денешната прес конференција ja информираше јавноста дека на седницата со Советот за безбедност на дневен ред имале само една точка – актуелната ситуација со коронавирусот и мерките и активностите за сузбивање на пандемијата.

Тој истакна дека поради есенскиот бран на пандемијата, здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополнителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат што е можно повеќе лица и да се згрижат и третираат што е можно повеќе пациенти.

„Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во последните осум месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки кои нашите здравствени авторитети ги применуваат, јасно е дека не постојат мерки кој се препорачани од СЗО или се применуваат во некои други држави и даваат позитивни ефекти, а не се применуваат кај нас. Главнината на здравствените мерки е иста, разликата е само во нивото на нивно почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции“, изјави Пендаровски.

Тој нагласи дека ниту во Владата, ниту во Министерството, ниту пак во Комисијата за заразни болести не е собран сиот ум и сето искуство од светот.

„Секоја добронамерна и конструктивна критика за подобрување на нашиот национален државен одговор на пандемијата е добредојдена“, -потеенцираше Пендаровски.

Facebook Коментари