Нови мерки- Потврда за вакцина или негативен ПЦР тест на сопствен трошок за сите вработени во јавниот сектор

- Македонија
959

По денешниот  состанокот на Комисијата за заразни болести утрово се донесени се нови препораки кои ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-На состанокот се донесени овие препораки кои ќе ги доставиме до Владата. Донесена е препорака сите вработени во јавните установи, локалните самоуправи, за одење на работно место да имаат примено најмалку една примена вакцина или да достават ПЦР негативен тест кој ќе важи 72 часа, а ќе биде на сопствен трошок, или потврда за прележан ковид во последните 45 дена, информираше Филипче.

Министерот посочи дека очекува и приватните компании да се приклучат кон оваа препорака. 
Донесена е и  другата одлука, а тоа е задолжителна вакцинација за сите здравствени работници.

-Десет дена откако ќе се усвојат овие препораки на владина седница, ќе им дадеме на оние 20-30% здравствени работници кои не се вакцинирани да го сторат тоа, рече Филипче.

Тој потенцираше дека овие мерки се во насока на подготовка на зимска сезона на грипови и настинки, и како што рече, треба да ги имаме предвид и другите болести.

 

Facebook Коментари