Смртноста кај предвреме родените бебиња намалена за 16,1 отсто од 2016 година до денеска

- Македонија
531
Од 2016 година до денес, смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8,9%, односно за цели 16,1%.-инфомира министерот Филипче по повод денешниот 17-ти ноември, Светски ден на предвремено родени бебиња.
,,Работиме посветено овој процент да продолжи да се намалува, преку инвестирање во најсовремена опрема, обезбедување најдобри услови, обуки и едукација на лекарите и медицинскиот персонал кој се грижи за овие наши мали борци. Здравјето на нашите деца е секогаш врвен приоритет.,,-додава Филипче
На денот на предвреме новородените деца, тој потенцираше дека навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.
-Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство како и Клиниката за детски болести со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство.-стои во објавата на Филипче.

Facebook Коментари