Обид за криумчарење хероин во автобус кој сообраќал на релација Струга – Берн

- Македонија
989

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење хероин и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  автомобил со бункер, автоделови, девизи и фалсификати.

 Хероин

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење на околу 1 килограм хероин.

На 13.03.2019 година, околу 13:30 часот, на граничниот премин Табановце автопат за излез од државата се пријавил швајцарски автобус кој сообраќал на релација Струга – Берн. При контрола на автобусот, кај последниот ред седишта, под седиштето до прозорот, била пронајдена кеса со две пресувани пакувања со по околу 500 грама хероин. Хероинот беше предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Автомобил со бункер и автоделови

– еден албански автомобил и 22 резервни делови за товарни возила, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на албански автомобил марка Ford Focus, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, во просторот наменет за резервно тркало бил откриен дополнително вграден резервоар за гориво, одвоен од постоечкиот резервоар, кој според изјавата на возачот имал капацитет од околу 20 литри.

Во вториот случај, во багажникот  на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, биле пронајдени 22 резервни делови за товарни возила (гуртни и цилиндри за кочници).

Автомобилот со бункер и непријавените автоделови се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Извор: Царинска управа

 

 

Facebook Коментари