Заеднички патроли на полициски и службеници од шумската полиција за превенција од пожари

- Локални
579

Соочени со зачестени пожари во шумски појаси и ниви, на трска во крајбрежието и на други површини на отворен простор, СВР Охрид ќе  презема зајакнати мерки на превентивен и  репресивен план.

„Целта е, заштита на луѓето и нивните животи, на имотите и на природните богатства, намалување на штетните последици, подигање на свеста за опасноста од пожарите, но и санкционирање на несовесни поединци-предизвикувачи на пожар. Во таа насока, СВР-Охрид ги вклучува сите капацитети за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар и негово локализирање. Предвидена е соработка со територијалните против-пожарни единици, ЦУК, ЈП „Македонски Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, медиумите, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции. Ќе има заеднички патроли на полициски и службеници од шумската полиција, со цел превенирање и санкционирање на несовесно однесување на поединци, надзор на претпријатијата што стопанисуваат со шуми и насоки за зајакната контрола на терен со примена на законската регулатива. Предвидена е интензивна соработка со институциите на локално и регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства.“-информираат од СВР Охрид

Како дел од концептот “Соработка помеѓу полицијата и заедницата”, а со цел превенција и заштита од пожари, ќе има средби со советодавни групи на граѓани, локални совети за превенција како и дистрибуција на пропаганден материјал и флаери за едукација и информирање на населението.

Strugaonline

 

Facebook Коментари