Единаесет пожари за едно деноноќие во Струга

- Локални
962

Во последните 24 часа, градот Струга се соочи со 11 пожари, најалармантно беше  во Поум-Дологожа, пожарот доведе до голема опасност за двете села, но со интервенција од страна на пожарникарите беше ставен под контрола
„За оваа акција на располагање беа сите противпожарни возила, но на непристапниот терен не беше возможно да се интервенира со тоа што 15 лица дел од персоналот на единицата за противпожарна заштита интервенираа директно. Пожарникарите работеа цела ноќ без прекин за  да ја контролираат состојбата на пожарот. Следствено  на тоа, не постои ризик за соодветните села. Помош за оваа итна ситуација, исто така, обезбеди ЈП Комунално со испраќање дополнителни средства.“ – информираат од ТППЕ Струга.
Од таму  вчера информираа дека во предграидето на  Струга има околу три активни пожари и на нивно гаснење се работи со полн капацитет.

„Постои сомневање дека причината за пожарите е чеовечки фактор и поднесена е тужба во полицијата во Струга за понатамошна истрага и верификација.“ -информираат од ТППЕ Струга

Strugaonline

Facebook Коментари