Од полноќ нови цени на бензините

- Македонија
129

Од вечерва на полноќ на сила стапуваат нови цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините се намалува за 1,5 денари, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за 67,00, а Еуросупер БС-98 за 69,00 денари за литар.

Со новата одлука нема корекција кај цената на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, па истите и натаму ќе се точат за 61,50, односно 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,293ден/кг и ќе се продава за 34,478ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник.

 

Facebook Коментари