СВР Охрид трага по лице кое лажно се претставува како полицаец во Охрид, Струга и Кичево и бара пари од граѓаните за понатамошна постапка

- Локални
187

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.

– Лицето врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејства. Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари