Од полноќ поевтинуваат горивата

Oд полноќ се намалуваат цените на бензините од половина до еден денар одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.
Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.
Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
УХМР

