Во петок нова епизода од „Импровокација“ во Охрид

- Локални
525

Овој петок во Охридскиот театар  ќе се одигра новата епизода од театарската импровизација „Импровокација“.

„Вашата ИМПРОВОКАЦИЈА ве повикува!  На 11 октомври, во 20 часот одредот на ИМПРОВОКАТОРИ ќе го крене гласот и ќе ги впери пушките на комедијата кон неподносливата летаргија во нашиот град после бурното лето. Партизаните ИМПРОВОКАТОРИ ве повикуваат да им се придружите на оваа голема револуција која ќе започне од нашиот генералштаб „КЕРАЛ“
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа револуција! Не пропуштајте ја можноста вашето име во иднина да биде име на улица!  Задолжително резервирајте си БОРБЕНИ КНИШКИ на 075 283 066 кај другарот Жура или пак купете во МУЗИЧКА ПРОДАВНИЦА ЗЗ ТОП ЦЕНА: 200 денари“ – велат актерите.

Strugaonline

Facebook Коментари