Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 -ми март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.
Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на COVID-19:
– Скопје – 28
– Куманово – 44
– Дебар – 2
– Штип – 1
– Прилеп – 11
– Тетово – 5
– Струга – 1
– Велес – 4
– Битола – 6
– Кавадарци – 1
– Гостивар – 2
– Кочани – 1
– Кичево – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 1.081.
Според местото на живеење, регистрирани се случаи во:
– Скопје – 367
– Куманово – 306
– Дебар – 51
– Штип – 32
– Прилеп – 100
– Тетово – 48
– Струга – 50
– Велес – 40
– Битола – 15
– Охрид – 7
– Кавадарци – 4
– Гостивар – 12
– Гевглелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 4
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 26
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 2
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со COVID-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6. Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти. Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.
Strugaonline
Facebook Коментари