Поетот Каљош Челику и поетесата Елена Пренџова ќе учествуваат на поетски фестивал во Саранда

- Македонија
983

Овој викенд , од 29. септември до 1. октомври, поетот Каљош Челику и поетесата Елена Пренџова ќе учествуваат на единаесеттото издание на Интернационалниот поетски фестивал во Саранда, Албанија. Фестивалот го организираат „Јонскиот креативен клуб“ и неговиот член, поетот Дашамир Мало. На фестивалот ќе биде промовиран поетски зборник трудови од поетите и поетесите учесници.

Во зборникот , Пренџова ќе биде застапена со авторска поезија во препев на албански јазик на поетесата и преведувачка Линдита Ахмети. Ова не е прво претставување на фестивалот ниту за Челику ниту за  Пренџова, а претходните изданија на фестивалот Македонија ја претставувале и поетесата Оливера Доцевска, поетот Митко Гогов и и др.

Strugaonline

Facebook Коментари