Денеска, околу 16:00 часот, на патниот правец Кичево-Охрид, на потегот од селата Песочан до Врбјани, на сила ќе биде изменет режим на сообраќај поради изведување на градежни работи (минирање).
– Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
извор: АМСМ
фото: архива
Facebook Коментари