Жител на Калишта заработи кривична пријава поради бесправно градење

- Локални
312

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од струшкото село Калишта, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело  „бесправно градење“. Тој во февруари 2022 година, на катастарска парцела на улицата „Маршал Тито“ во Струга, извршил неовластена градежна доградба на постоен објект, без одобрение и спротивно на Законот за градба. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на  инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на доградениот објект.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари