Гости од Словенија го посетија Паркот на поезијата и Спомен домот на Браќата Миладиновци

- Локални
277

Во рамки на соработката помеѓу охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и гимназијата „Франц Миклошич“ од Љутомер, група ученици од трета година во придружба на директорот на гимназијата, Звонко Кустец и професорката по словенечки јазик, Катја Першак Хајдињак заедно со Славе Ѓорго Димоски како охридски домаќин и претставник на гимназијата „Св. Климент Охридски“ го посетија спомен домот на Браќата Миладиновци и Паркот на поезијата.

,,Во спомен домот тие имаа прилика да ја разгледаат музејската поставка, а во Паркот на поезијата, покрај дрвото засадено од добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2009 година, големиот словенечки поет Томаж Шаламун, беа прочитани неколку песни на словенечки и на македонски јазик.,,-информираат од СВП.

Директорот на СВП Тодорче Тасевски, во име на Струшките вечери на поезијата, подари примерок од монографијата за Томаж Шаламун на г. Звонко Кустец, директор на гимназијата „Франц Миклошич“.

Strugaonline

Facebook Коментари