Пристигнаа налепниците со ознака „NMK“, од утре започнува дистрибуцијата до станиците за техничките прегледи

- Македонија
326

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „NMK“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до станиците за технички преглед ширум државата, изјавил за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјавил Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Тендерот за набавка на налепниците „NMK“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па, така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници.

Извор: Слободен печат

фото: архива

Facebook Коментари