Четири нови случаи на голема кашлица во Македонија, вкупно 22 од почетокот на годината

- Македонија
172

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината. Информацијата ја потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски кажано, голема или магарешка кашлица.

Надлежните сепак велат дека кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи.

Извор: Ohridnews

фото: aрхива

Facebook Коментари