Северна Македонија и Албанија добија зелено светло за преговори со ЕУ

- Македонија
566

Министрите за европски прашања на Европската Унија денеска дадоа зелено светло  за започнување  преговори со Република Северна Македонија и  со Албанија. Датумот за преговорите е дефиниран со формулацијата- што побрзо, затоа што е најавено да се утврди дополнително, по кризата со Корона вирусот.

-Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Facebook Коментари