Шапка и Маврово во фокусот на Белоруските туроператори за престојната зимска сезона

- Македонија
88

Во изминатите два дена, во Маврово и Попова Шапка, на информативна тура, 15 тур оператори од Белорусија се запознаа со можностите кои ги нудат нашите зимски туристички центри.


Во периодот кој следи АППТ започнува да ги промовира нашите туристички потенцијали кога станува збор за зимската сезона, на туристите од Белорусија и Украина, како и можностите за подигање чартер линии кои ќе продолжат со работа и во летната сезона 2021 и порај Ковид кризата. Во 2021 година туристите од Украина, Белорусија и Руската Федерација се повеќе ќе бидат присутни во нашите туристички центри. Со ова докажуваме, дека со заедничко работење на сите чинители во туризмот можеме да создадеме туристички производи кои ќе бидат конкурентни на Европскиот и светскиот пазар. Доколку ситуацијата со пандемијата е на очекуваното ниво, првите туристи од Белгија ќе може да ги очекуваме во нашите ски-центри веќе кон средината на декември.

Директорот Јаневски пред присутните во својата презентација истакна: ” Можностите за развој на зимски туризам се одлични, особено кога станува збор за екстремните спортови: слободно скијање, слободен сноубординг, како и аранжманите од 5 до 7 дена за кои ски центрите Маврово и Попова Шапка се совршени. И покрај кризата предизвикана од пандемијата АППТ изнаоѓа можности покрај традиционалните пазари да отвори и нови.

Facebook Коментари