Време-Претпладне сончево со умерена облачност, попладне врнежи од дожд

- Македонија
342

Денеска претпладне ќе преовладува сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (локално над 30 л/м2). Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени. Утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 24 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари