Сончево со мала облачност, ветровито и многу студено

- Македонија
345

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -4 до 3 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари