Почина познатиот музичар Аки Рахимовски

- Хроника
787

Познатиот музичат, Аки Рахимовски, долгогодишниот пејач на „Парни ваљак“, почина денеска на 66 години, објави групата на својата страница на Фејсбук.

„На Рахимовски утрово му се слоши, по што почина во болницата во Ново Место“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки.

Роден е во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.

По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“. Низ годините групата ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најпрепознатливите фронтмени.

Со „Парни ваљак“ Рахимовски  сними 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 лајв-албуми, 4 компилации и две концертни дивиди-изданија

Facebook Коментари