Струга ќе се збратими со турскиот град Чајџума

- Локални
592
Градоначалникот Рамис Мерко денеска оствари средба со претставници од Општина Чајџума, од Црноморската провинција Зонгулдак, Турција .
,,Пријателите од Турција изразија желба за збратимување на нашите општини, нагласувајќи дека Струга како туристички и атрактивен град може да биде добар пример за развој на туризмот во градот Чајџума и обратно. На средбата беше истакнато дека соработката меѓу приватниот сектор веќе постои, со надеж дека оваа соработка дополнително ќе се зајакне во иднина.,, – соопштуваат од Општина Струга.
Градоначалникот Мерко истакна дека новите партнерства отвораат нови врати и затоа секогаш е подготвен за вакви проекти.
Strugaonline

Facebook Коментари