Сообраќајка на патот Кичево-Струга, две лица се повредени

- Локални, Хроника
1069

Во 00:20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 75-годишниот Џ.Е. од Охрид и патничко моторно возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од прилепското село Обршани.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Фолксваген“, 57-годишната Т.Е. од Република Албанија, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари