УХМР: Времето денес променливо облачно

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на изминатата ноќ преовладуваше променливо облачно а наместа и ведро време, што овозможи на некои места пад на утринските температури.
По одделни котлини после полноќ се создаде појава на магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец, но повеќе е изразен на повисоките места и на планините.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
В недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 л/м2. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневнaтa температурa ќе има в недела и в понеделник.

