Прокељот е најдобрата зимска храна еве и зошто

- Здравје
953

Многумина не го сакаат прокељот затоа што има интензивен мирис и кашеста текстура. Меѓутоа, тајната лежи во начинот на подготовката. Најчесто е преварен, па токму затоа тој го губи својот вкус, но и значајно количество на хранливи материи.

За прокељот, затоа што е жилав зеленчук, се смета дека му е потребно доста време за да се свари, но прехрамбените стручњаци потенцираат дека се доволни само пет минути готвење на пареа. Не се препорачува варење во вода бидејќи лесно станува кашест, а со печењето се суши и брчка.
Пет минути готвење на пареа се покажало како оптимално време за прокељот да биде вкусен – однадвор мек, а одвнатре крцкав.

Ако се готви подлго време, прокељот мекнее, но и губи големо количество на хлорофил, па нивната зелена боја бледее, а почнува да се ослободува и водород сулфид, креирајќи непријатен мирис којшто пак потоа влијае и на самиот вкус.

За прокељот и кељот е важна токму добрата кулинарска подготвка бидејќи ваквиот нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливите материи. Прокељот е исклучително добар извор на витамини – витамин А (во облик на бета-каротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали – калиум, манган, магнезиум, бакар и калциум. Тука се и омега-3 масните киселини, белковините, триптофанот, лутеинот, зеаксантинот…

Прокељот се вбројува во групата на зеленчуци од којашто потекнува брокулата, кељот, карфиолот и зелката. Тој содржи значајни количества на сулфурни материи како глукозинолати и изотиоцијанати, коишто ја зголемуваат способноста на црниот дроб да лачи ензими коишто ги неутрализираат потенцијално отровните материи и штитат од рак.

Поради бројните витамини, минерали и омега-3 масни киселини, прокељот придонесува за добро здравје на кожата и сврзното ткиво, па одлично влијае и на убавината. На дневното мени се препорачува и поради доброто влијание врз дигестивниот систем, но и затоа што помага за изградба на цврсти коски и силни мускули.

Секогаш избирајте природно одгледани, мазни и цврсти и компактни мали зелчиња, а избегнувајте ги оние коишто се пожолтени или имаат дехидрирани ливчиња.

Прокељот може да остане свеж до десет дена, ако правилно се чува во фрижидерот. Чувајте го во пластична кеса така што цврсто ќе ги обмотате зелчињата и максимално ќе го истисннете воздухот. Не перете ги пред да ги ставите во фрижидер, бидејќи изложувањето на вода ќе го забрза процесот на дехидрирање и расипување. Добро исперете го под млаз вода непосредно пред подотовката

Прокељот се подготвува сосема едноставно, така што после чистењето ќе го исечете стеблото а главицата ќе ја исечете на четвртинки. Добро е да ги оставите 5-10 минути пред готвењето бидејќи така се активираат благотворните ензими. За да го зајакнете тој процес, може да ги испрскате со малку сок од лимон.

 

Facebook Коментари