Погледнете внатре во уникатниот замрзнат хотел во Шведска

- Занимливо
817

“Замрзнатиот хотел 26” во Шведска ги објавил првите фотографии на кои е прикажана внатрешноста на неверојатните соби. Во една од нив се наоѓа 3 метри висока снежна статуа од слон, додека во другите соби може да се видат разни ледени креации инспирирани од 70-тите години од минатиот век.

За изградба на хотелот биле потребни 700 милиони снежни топки и 5.000 тони мраз. Хотелот содржи 19 тематски соби, црква и бар, а може да се види и лустер направен од 1.000 рачно изрежани замрзнати кристали.

Оригиналниот “Замрзнат хотел” е основан во 1989. година во Шведска, а секоја година дизајнот на хотелот варира од уметник до уметник. Собите го одземаат здивот и нудат ново искуство. Хотелот се наоѓа во селото Јукасјарви, а првите гости ги примил минатата седмица.

 

Хотелот нуди и нордиско скијање, како и курсеви за арктичко преживување, кои на гостите им даваат можност да направат сопствено засолниште во дивината. Доколку гостите не се расположени за снежни акции, можат да се релаксираат во спа центар.

 

 

 

 

 

 

 

Како додаток на идеалниот престој, хотелот може да организира будење за гостите кои сакаат да уживаат во погледот на прекрасната, поларна светлина.

При секое растење на температурата, конструкцијата исчезнува, па потребни се два месеци за реконструкција.

 

 

 

Facebook Коментари