Лев банер Десен банер

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства по „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ се префрлаат на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

„Досега е исплатен поврат кај 16 600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.“-инофрмираат од Управата.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирано се 22,670,713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11,423,978,620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1,241,434,628 денари. Повратот од 15 % е во висина од 186,215,194 денари.

Од УЈП доаваат дека службата ќе даде детални информации откако ќе се заокружи целокупната исплата кај сите корисници на МојДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ.

Strugaonline

error: