Во сабота (18.07.2020), под влијание на атмосферски фронт, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата.
-Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.-информираат од УХМР.
Strugaonline
Facebook Коментари