Извршена трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент со акутна леукемија на 68 годишна возраст

- Македонија
549

Во услови на пандемија од ковид-19, на Клиниката за хематологија извршена е и трансплантација на хематопоетски матични клетки кај досега највозрасниот пациент со акутна леукемија.

-На 68 годишниот пациент Иван му посакувам успешен исход од лекувањето. Упатувам и голема благодарност до несродниот донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Продолжуваме со кампањата „Биди срцевина, биди херој“. Да ја покажеме својата хуманост, да се зачлениме во регистарот на доброволни донори и да даруваме коскена срцевина. Затоа што нема поважно од здравјето на нашите пациенти, пријатели и семејство. Да се грижиме и да донираме!-апелира министерот Филипче. 

Во 2018 година се направи првата несродна трансплантација на коскена срцевина и досега се извршени 16 алогени несродни трансплантации од европскиот регистер на доброволни донори и 4 алогени полуидентични трансплантации.

Strugaonline

 

Facebook Коментари