Седумнаесет лица во Охрид и две лица во Струга казнети поради неносење лична заштита

- Локални
417

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 23 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-17, Струга-02, Кичево-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 57 контроли врз угостителски и други објекти.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари