Изгласан е ребалансот на буџетот- Владата одвои 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро

- Македонија
764

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, вчера на прес-конференција соопштија информации за штотуку изгласаниот ребаланс на Буџетот на владина седница.

Буџетот и со овој ребаланс продолжува да дистрибуира повеќе пари кај граѓаните. –рече премиерот Заев.

Меѓудругот, тој соопшти дека се  предвидени дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки како поддршка и за вработувањето, особено за поддршка на младите за нивното вработување во производството, но и во севкупните подмерки за самовработување пред сé на младите луѓе.

400-тини милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра. Со оваа мерка се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Со оваа мерка ќе расте приливот во пензискиот фонд, што секако претставува услов за иден раст на пензиите.

Заев истакна дека се одвоени 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари