Вардар го победи Пекинг за 128. триумф во СЕХА Газпром лигата

- Спорт
533

Македонскиот шампион Вардар останува најуспешен тим во СЕХА и еден од главните екипи за голем трофеј оваа сезона. Со триумфот против Пекинг од 37-23 (19-12), „црвено-црните” стигнаа до 128-та победа во ова натпреварување на почетокот од 9-та сезона. Петкратниот шампион во СЕХА Газпром лигата немаше проблеми во првото коло иако играше со изменет состав, каде шанса да играат добија и некои млади ракометари. Димитар Димитриоски одигра цел меч, а свое деби имаа и Дејан Кукуловски и Мартин Карапалевски.

Средбата меѓу Вардар и Пекинг беше дуел на „Давид и Голијат” и се беше решена по 18 минути играње кога домашните ракометарии поведоа со 14-6 со голот на Данил Шишкарев.
Тренерот на СП во Пекинг, Владо Сола, побара тајм аут рано на почетокот од натпреварот по 6 минути кога резултатот беше 6-2 за Вардар, а домашната екипа дури и без неколку клучни играчи во составот ја покажа својата сила. Осум гола беа најголемата предност за Вардар во првото полувреме.

Тренерот на Вардар, Давид Писонро, реши да игра без Артурс Кугус, Тимур Дибиров, Стас Скубе и Глеб Калараш. Стојанче Стоилов и Јозе Де Толедо се повредени и надвор од тимот.
Ова беше добра шанса за помладите играчи да ги добијат своите „пет минути”. Димитар Димитриоски играше од почеток, а подоцна и Дејан Кукуловски и Мартин Карапалевски дебитираа во СЕХА Газпром лигата.

Играчите на Пекинг покажааа добри перформанси во одредени периоди од средбата, но нивниот недостаток на искуство и технички недостатоци беше повеќе од очигледен. Во второто полувреме Вардар неколку пати поведе со „двоцифрени” броеви, а шампионот играше опуштено. Онолку колку му требаше да победи, па дури и убедливо.

Во следното коло Вардар патува во Украина на дерби натпревар со Мотор Запорожје на 7 септември.

Вардар – Пекинг СУ 37-23 (19-12)

ВАРДАР: Гедбан 0/1 (12 одбрани и 1 седмерец), Кизиќ (3 одбрани, 1 седмерец), Кукуловски 1, Димитриоски 6, Гашоски 1, Кристопанс, Карапалевски 1, Сикошек Пелко 2, Дисингер 5, Атман 6, Чупиќ 5, Горбок 1, Шишкарев 6, Горпишин 3.

ПЕКИНГ СУ: Лиу, К. Хе, Ку. Ванг, Јиа. Жанг 1, Ж. Хе, Кси 8, Ј. Ванг 3, Ху, Гу 2, Хуанг 4, Чао, Кс. Ванг 1, Ченг 1, Јун. Ванг 1, Јиан. Жанг 2.

Извор : РК Вардар

 

Facebook Коментари