Во Македонија пристигна нова пратка од вакцината „Спутник В“- донација од Србија

- Македонија
405

Денеска во Македонија пристигна нова пратка со вакцини од 20.000 дози, како нова донација од Србија. Станува збор за руската вакцина „Спутник В“.

-Стигна втора донација од Србија, два пати по 20.000 вакцини Спутник, за да продолжи масовната вакцинација. Србија ни помогна со првите дози 8.000 вакцини Фајзер, а сега повторно ни помагаат во овие тешки моменти, истакна премиерот Зоран Заев, кој изрази голема благодарност до владата на Србија.

-Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија во А1 Арената, СЦ Борис Трајковски.-информираше министерот Филипче

Facebook Коментари