Во Македонија пристигнаа 200.000 кинески вакцини

- Македонија
317
Денеска пристигнаа долгоочекуваните вакцини кои ги обезбедивме во директни преговори со производителот, а во вкупна количина од 200.000 од производителот Синофарм.-информираше министерот Филипче.
Тие ќе бидат сместени во ладната соба во Полинклиниката Јане Сандански, по што истите ќе се дистрибуираат до пунктовите според закажаните термини за вакцинација.
Министерот најави дека дневно ќе се вакцинираат околу 10.000 граѓани ширум државата, а како приоритетни ќе се земат сите пријавени преку веб страната vakcinacija.mk , а вакцинацијата од вторник ќе започне и во останатите пунктови за масовна вакцинација кои се веќе подготвени за почеток со работа.
Филипче изрази благодарност до амбасадорот н.е. Џанг Ѕуо и до луѓето од неговиот тим кои активно се залагаа за оваа пратка утрово да пристигне во нашата земја.
Strugaonline

Facebook Коментари