Денеска е Велики Петок

- Македонија
368

Велики Петок е претпоследниот ден од страдалната недела. Освен Велипеток уште се вика и Распет Петок бидејќи на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи, дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, односно  „пост на вода“  луѓето  вo црквите се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден, сочувствувајќи со распнатиот Исус. Во црквите се оставаат  дарови на Распетието Христово, а цвеќе  на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.

Facebook Коментари