Во поранешна Југославија 25-ти мај беше Ден на младоста, еве како се славеше

- Македонија
159

Во поранешна Југославија (СФРЈ) денешниот датум ,25-ти мај, се славеше како Ден на младоста. Доживотниот претседател, Јосип Броз Тито, иако роден на 7-ми мај, овој ден го избрал како свој роденден.

Главен симбол на празникот била познатата „Штафетата на младоста“ која била носена од младинците низ целата територија на државата, а на 25 мај му ја врачувале на Тито на  посебна свеченост која се организирала на стадионот на ЈНА во Белград.

Штафетата ја носеле успешни студенти, примерни ученици, докажани спортисти, млади работници, односно млади корисни општествени чинители кои се истакнувале со своите вештини и знаења.

Штафетата му била врачувана лично на Тито, сè до неговата смрт во 1980 година, но традицијата продолжила сè до 1987 година, кога штафетата ја примале тогашните претседатели на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, како симбол на „братството и единството“ во знак на почит и верност кон името и делото на Јосип Броз.

Во денешно време, повеќе илјади почитувачи на ликот и делото на Тито на 25-ти мај го посетуваат неговиот гроб во „Куќата на цвеќето“ во Белград но и Музејот на историјата на Југославија, каде се изложени сите „Штафети на младоста“.”

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари