Време-Денеска сончево со умерена облачност, од утре голема промена

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 степени.
Извор: УХМР

